Продолжуваат прегворите за смени во вториот ешалон. Минатата недела, премиерот Зоран Заев изјави дека на следниот владин состанок ќе бидат донесени првите одлуки.

Алсат информира дека неофицијално се дознава оти од редовите на ДУИ, „метлата“ на Заев ќе ги опфати: Директорот на Бирото за јавни набавки Бардул Насуфи, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Вулнет Адеми, директорот на Јавното претпријатије “Македонија пат“, Гајур Кадриу, директорката на Службата за заеднички работи на Клиничкиот центар, Шкодране Дарлишта, директорот на Јавното претпријатие “Македонски железници“, Ирфан Асани.

Во размена со горанаведените директори, Алсат неофицијално дознава дека ДУИ ги претендира Агенцијата за технолошки иновации, Пазарниот инспекторат, ЕЛЕМ, МЕПСО како и Дирекцијата за имотно-правни прашања.

Во рамки на измените ќе бидат опфатени и директори од комуналните јавни претпријатија и управувачките одбори.

Од ДУИ ниту ги потврдуваат или пак негираат имиња со кои се шпекулира, туку додаваат дека и натаму се е во фаза на преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.