По повод 21 годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција, утре (понеделник, 5 јуни 2023 година), со почеток во 12:00 часот во хотел “Александар Палас” во Скопје, претседателот Али Ахмети организира панел дебата на тема “Европски фронт”, соопштуваат од Партијата.

На дебатата ќе се обратат: г-дин Али Ахмети, Радмила Шекеринска, Петар Арсовски, Газменд Ајдини, Теута Арифи и други.

По дебатата, во 14:00 часот, исто така во хотел “Александар Палас”, г-дин Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на пригоден коктел по повод 21 роденден на ДУИ, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.