Демократската Унија за Интеграција оценува дека денешната прес-конференција на претседателот на АА, Зиадин Села е јавен притисок врз целиот правосуден систем и вработените во овој сектор.

Денешното појавување пред медиумите е скандалозно, неприфатливо, досега невидено и претставува грубо и директно мешање во правосудниот систем и независноста на судството.

Суровото мешање во судовите и обвинителството зборува за менталитетот на сојузникот на Левица и Апасиев и го открива вистинското лице на една нереформирана структура.

Поделбата на власта во државата функционира како уставно начело и исто продолжува да функционира професионално, сите кои го прекршуваат законот одговараат пред правосудниот систем и сите последни и отворени предмети јасно покажуваат дека во земјата функционира законот кој е еднаков за сите и никој не е недопирлив пред него.

Демократската Унија за Интеграција е единствената партија која го иницираше ветингот во сите нивоа на власт, вклучително и во правосудниот систем, за да има чисти и достоинствени личности кои ќе си ја вршат работата на најдобар можен начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.