ДУИ е карцином на општеството во Македонија и затоа е крајно време албанската опозиција да се обедини и да ѝ го зададе последниот удар на партијата со испраќање во опозиција, изјави Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ во интервју за „КосоваПрес“.

Зошто го велам ова? Затоа што ДУИ не смени скоро ништо и не понуди нешто ново на граѓаните и тие тоа го знаат. Тој е политичкиот субјект што треба да се запомни во историјата на земјата, кој изгуби 50 отсто од електоратот за само две години, од 20 пратеници сега само 10 во овој состав, благодарение на разединетоста што ја имаше со албанските опозициски партии, изјави Зекири.

На прашањето дали коалицијата на СДСМ со ДУИ ќе продолжи и по 3 јануари кога се очекува да се гласа за техничката влада и дали има шанса за коалиција дури и по изборите на 12 април, Зеќири вели дека тој лично се спротивставува на коалицијата со овој политички субјект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.