Во тек е во кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на МОН. Во рамки на капмањата министерката Мила Царовска оди во посета на стручни училишта и го промовира дуалното образование.

Царовска во посета на средните стручни училишта во Струмица (фото: МОН)

Царовска денеска ги посети средните училишта „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“ во Струмица, во кои за прв пат се воведува концептот на дуално образование, кој обезбедува повеќе практична обука наместо изучување теорија.

Учениците подготвени влегуваат во работните и организациски структури на компаниите кои немаат дополнителни трошоци за нивна обука. Изразувам благодарност до компаниите кои се вклучија во проширувањето и реализацијата на концептот на дуално образование, со што покажаа не само интерес за остварување на корпоративните цели, туку покажуваат и општествена одговорност и посветеност кон тоа да се остварат заложбите на државата за намалување на младинската невработеност, рече Царовска.

Царовска во посета на средните стручни училишта во Струмица (фото: МОН)

Министерката нагласи дека унапредувањето на квалитетот на средното стручно образование и подигнување на неговата атрактивност меѓу младите е дел од  поширока стратегија за забрзување на севкупниот економски напредок на државата.

Благодарение на исправните политики за привлекување на странски директни инвестиции и за поддршка на домашните компании постојано се отвораат нови работни места кои најчесто се за лица со стручна подготовка. Мораме да продуцираме доволно кадар за да ги пополниме тие работни места. И како што гледате, интензивно работиме на тоа, рече Царовска, нагласувајќи дека изборот на стручно образование нуди перспектива и затоа младите треба добро да размислат пред да донесат одлука каде ќе се запишат во средно училиште.

Царовска во посета на средните стручни училишта во Велес (фото: МОН)

Пред неколку дена Царовска беше во посета на велешките стручи училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите.

Министерството за образование и наука од идната учебна година воведува стипендии од 3.500 денари месечно за учениците од месечно дуална паралелка, но сепак најголем мотив треба да им биде можноста за брз и успешен настап на пазарот на трудот по формализација на образованието. До уписите во средно преостанува нешто повеќе од еден месец, доволно време за полуматурантите добро да размислат и да донесат вистинска одлука според личните афинитети и состојбата на пазарот на трудот, рече Царовска во Велес.

Сепак, концептот а дуално образование кој деновиве го промовира Царовска е проект на ВМРО-ДПМНЕ.

Со кампањата “Учи паметно, работи стручно“ всушност го промовира нашиот проект, од што сме задоволни, но и се краси со туѓи пердуви што е срамно и неетички. Ќе беше доблесно да каже дека продолжува да промовира проект кој го наследила од претходната власт. Во учебната 2020/2021 стручните паралелки се зголемуваат, но на сметка на гимназиското образование, што би било добро доколку претходно е направена анализа за потребите на општините и јавно и транспарентно објавена и доколку се направани консултации со учениците и родителите. На Македонија ѝ е потребен специјализиран стручен кадар и сметаме дека е добро што проектот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува, ѝ порача ВМРО-ДПМНЕ на Царовска на почетокот на кампањата.

Исто така и странските инвестиции со кои денеска се пофали Царовска се паметни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2017 година кога формално е на власт, СДСМ не донесе ниту една странска инвестиција.

Во Македонија стапката на странски инвестиции е најниско ниво во регионот со 58 евра СДИ по глава на жител, а во последниов период четири странски инвеститори кои ги обезбедил СДСМ ги раскинале договорите. Станува збор за германски Кеслер, кој требало да вработи 150 лица, две турски компании, една за прозиводство на улично осветлување, една за автомобилска индустрија и една компанија од Албанија инвестиција во фармацевтската индустрија, која требало да вработи 300 лица.

Според Фајненшл тајм, Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 година била на високото трето место, од 2018 паднала на 18-то во 2019 ја нема воопшто на листата од 50 држави.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.