Државниот санитарен и здравствен инспкеторат (ДСЗИ) ќе ја испита целата постапка, односно целокупниот процес во домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола, каде 85-годишен пациент е заболен од коронавирус, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја испита целата постапка, целокупниот процес од приемот, па како се одвивал целиот процес третман на давање услуга и нега на штитеникот таму. Ќе го чекаме наодот од увидот. Инаку, штитеникот бил примен на 18 март, една недела подоцна однесен на Инфективното одделение во Клиничката болница поради покачена температура, а следните денови добиена е потврда дека брисот КОВИД-19 е позитивен. Земени се брисеви на сите во останатите соби, на дел од персоналот кои биле во контакт, а дадени се препораки за темелно чистење, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.