Јавниот обвинител Љубомир Јовески е во добра здравствена состојба и е пуштен на домашно лекување откако вчера бил повреден на кејот на реката Вардар.

Во врска со написите во некои медиуми, Јавниот обвинител на Република Македонија, ја известува јавноста дека попладнево, рекреирајќи се покрај кејот на реката Вардар, симнувајќи се по скалите падна при што се здоби со гребаници од бетонската подлога. Гребаниците се санирани од здравствени работници и Јавниот обвинител е пуштен дома, појаснија од кабинетот на Јаниот обвинител.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.