Државната секретарка за европски прашања на Франција Амели де Моншалан ја искористи приликата пред Националното собрание, каде се дебатираше за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, уште еднаш да ги објасни француските позиции за проширувањето на ЕУ, јавува дописникот на МИА.

Според Моншалан, европската перспектива на Македонија, како и на сите земји од Западен Балкан беше призната на Самитот во Загреб и во Солун и земјата беше призната како кандидатка во 2005.

Сакам да кажам дека европската перспектива, тој марш кон членството не е доведен во прашање, туку напротив, рече таа пред Националното собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.