Иако Државниот завод за статистика објави конкурс за попишувачи во кој не беше наведено како услов дека кандидатите треба да имаат партиска книшка, СДСм се погрижи да се јават што поголем број подобни кандидати за попишувачи.

Зошто фер кога може да биде патиски?

Процесот кој мора да биде статистички, сепак, ќе биде политички. Владата организира попис кој ќе биде спроведен од членови на СДСМ кои работат за интересите на Зоран Заев. Впрочем, никој не се сомневаше дека може да биде поинаку кога за негово спроведување среде пандемија од петни жили се труди коалицијата СДСМ – ДУИ.

На социјалните мрежи, на профилите на СДСМ, се споделува оглас во кој се бараат реонски попишувачи и инструктори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.