„Храбар, мудар и доблесен секогаш да се соочи со секој предизвик“, оценува тазе членот на ИК на СДСМ, Татјана Стојановска-Иванова, универзитетска професорка по социологија, по вчерашната прес-конференција на премиерот Заев, на која од дното на срцето, па сѐ до небото се извини што бил насамарен, но е задоволен што ја научил лекцијата од телефонските разговори со руски комичари.

За разлика од кукавичлукот на други политичари, тој стамено е подготвен да носи се на неговите плеќи. Европски, а наш, еден е Зоран Заев, напиша професорката на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.