Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

На информативната видео-сесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на корона вирусот Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

Доколку излегуваат на терен, односно се работи за службено патување, за тоа е потребно да имаат и дозвола за движење која е издадена од работодавачот, рече Петровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.