Движењето Еко Герила оценува дека неодамнешните поплави во селата од Полошкиот регион (Доброште, Теарце и сл.) не се резултат на дождови кои никогаш не биле отсутни во овој регион, туку се резултат на изградба на малите хидроцентрали во регионот.

Штетата направена на околината за да се отворат патиштата каде што се изградени овие хидроцентрали е создавање можност за вакво поплавување. Сечење на дрвјата, копањето на земјата, пренасочувањето на речните корита, но и воведувањето на речните води во цевките за финансиска корист на некои луѓе блиски до централната и локалната власт, создаваат лизгање на земјиштето и поплави. Повеќе пати ги предупредувавме надлежните веднаш да престанат со изградбата на овие хидроцентрали со образложение дека ја уништуваат животната средина и екосистемот, но тие се правеа глуви кон потребите на граѓаните и се подготвени да им служат на интересите на нивните деловни партнери, истакнуваат од Еко Герила преку пишано соопштение.

Според нив, следната влада треба да ги разгледа решенијата и концесиите дадени за изградба на мали хидроцентрали.

Воедно и да побара од обвинителството да ги испита сите што се согласиле на локацијата, дозволите за користење на водата и дозволите за изградба на овие хидроцентрали, со тоа што физички лица и правните субјекти да сносат кривична одговорност за предизвиканата штета. Ги повикуваме жителите од околните области да ја отворат оваа тема на состаноци со партиите, на кои партиите ќе ги замолат граѓаните да гласаат за нив во време на кампањата, но граѓаните треба да се водат по сопствено убедување и во согласност со сопствените интереси на денот на гласањето, се вели во соопштението на Еко Герила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.