И пред Општина Штип, родители и наставници денеска го изразија своето незадоволство од најавената дигитализација на учебниците.

Билјана Алексова-Даневска наставник и родител вели дека реформата што треба да се воведе не е здрава за физичкото и психичкото здравје на учениците.

Не е здраво за мозок, рбет, очите и ние како родители, но и јас како наставник не се согласувам. Доволно е тешка онлјан наставата за учениците, имаме паѓање на системот, па кочи компјутерот, а понекогаш пропадне и половина час заради технички проблеми, вели Алексова-Даневска.

Родителите и наставниците кои денеска протестираа на министерката за образование и наука, Мила Царовска и порачаа да седне да разговара со компетентни лица, а какошто велат со водење инат нема напредок, туку во овој случај се прави штета на учениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.