На петнаесет минути пред завршувањето на изборниот ден, на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86 проценти.

За споредба, на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година гласале 1.191.852 граѓани, односно 66,79 отсто од регистрираните гласачи.

2016/2020

ИЕ1 73,62% / 52.17%
ИЕ2 66,54% / 47.97%
ИЕ3 72,74% / 57.31%
ИЕ4 75,00% / 59.78%
ИЕ5 64,67% / 59.78%
ИЕ6 51,32% / 39.22%

Според претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, имајќи ја предвид специфичноста на овие избори кои се одвиваа во посебни услови поради коронавирусот, излезноста е доста добра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.