Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека како грански синдикат и член задутре ќе го поддржи предупредувачкиот протест на  Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), зашто смета дека заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да се бара преку искажување јавно незадоволство бидејќи нема слух од надлежните.

Според СОНК, повеќе од две години на Конфедерацијата и е одземена законската можност да учествува во креирање на економската политика во државата, а смета и дека се  спречува синдикалното организирање и дејствување на КСС и нејзините грански синдикати.

СОНК ги поддржува барањата на најголемиот синдикат во јавниот сектор.  Две години документите за репрезентативност на КСС седат во некоја фиока во Министерството за труд и социјална политика и се прави класична опструкција врз синдикалното делување на највисоко ниво. Штетата направена врз гранските синдикати, здружени во КСС, е огромна и непроценлива. И како ова да не е доволно, па се посегна по раководството на синдикатот. Бројни се примерите на раскинување договори за работа (бркање од работа) од страна на работодавачите врз синдикалните лидери на сите нивоа. Најпрво се отпочна со бркање од работа на претседателот на Конфедерацијата, а потоа и на претседатели на грански синдикати при КСС, претседатели на синдикални организации, активни членови – наведува СОНК во објавата дека ќе учествува на протестот на 15 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.