Лидерот на десничарската Демократска партија во Словенија и поранешен премиер Јанез Јанша ги коментира на Твитер последните информации за изборни нерегуларности во Македонија, што ги објави новинарот Ларис Гајсер во италијанскиот весник „Ла верита“.

Во текстот, Гајсер приложува документи од истрагата на македонското обвинитество, а според кои поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат Вице се длабоко вмешани во поткуп на гласачи.

Јанша се потсмева со европарламентарката Тања Фајон и лидерот на словенечките социјалисти Дејан Жидан, нарекувајќи го Заев „близок пријател“ на оваа двојка, која од петни жили го помагаше доаѓањето на власт на лидерот на СДСМ во Македонија и промената на името на државата.

Јанша додава дека за овие луѓе и опцијата што ја застапуваат „победата на фер избори никогаш не била опција“ и дека тоа е така е во Словенија, Романија, Малта, а ете и во Македонија.

„Досието со изборни измами во Македонија на премиерот сакан од ЕУ“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.