Државната изборна комисијата вечерва на прес конференција посочи дека денеска гласале вкупно 10.653 лица од кои:

  • 1229 лица од казнено поправните установи
  • 5.477 – болни и немоќни лица
  • 304 – лица позитивни на ковид-19 или во самоизолација

„Гласањето во одредени општини за овие категории на гласачи се уште трае бидејќи избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавиле не добијат можност да гласаат“, рече портпаролкатана ДИК Љупка Гугуческа на прес-конфееренцијата..

Од ДИК додаваат дека денешниот ден поминал без проблеми.

Таа потсети дека за граѓаните е активен бесплатниот телефонски број 0800 55544 на кој може да се јават и да постават прашање или да остават коментар до ДИК, но заедно со своите податоци за контакт на кои би добиле одговор на поставеното прашање. Во однос на комунацијата со граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашње до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. На располагање се и останатите канали за комуникација на ДИК: интернет страницата на ДИК, страниците на социјалните мрежи фејсбук и твитер и каналот на јутјуб, на кои може да се најдат сите правовремени и точни информации пооврзани со изборите што ги споделува ДИК која е одговорна за спроведување и организирање на изборите.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.