Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 330.513 граѓани.

– Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, напиша Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.