Во врска со непочитувањето на владината одлука за работа на кафетериите, локалите, бурекџилниците, директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски информираше дека веќе десет објекти се затворени, а предвидени се и казни според Законот за потрошувачи.

Секој ден е сè подобро. Но, некои или се прават дека не слушнале, а некои злоупотребуваат. Затоа е тука Инспекторатот. Сите 130 инспектори, дури и раководителите, се на терен и постапуваат. Ако е кафе за носење, некои седнуваат и во такви ситуаци, нормално, постапуваме. Затоа веќе 10 објекти се затворени. Дел, верувајте, злоупотребуваат. Тоа не можеме да го спречиме, но одиме и онаму каде што ќе затекнеме, постапуваме по одлуката донесена од Владата, потенцира првиот човек на Пазарниот инспекторат, додавајќи дека свеста на граѓаните мора да дојде до израз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.