На осудениот Сашо Мијалков досега не му е замрзнат никаков имот и допрва надлежните институции ќе утвдуваат дали и што треба да се конфискува.

Но долг е патот до тоа, односно за тоа е надлежна Управата за финансиско разузнавање. Таа треба да утврди колку и какви сметки има Мијалков.

Доколку имотот е стекнат на криминален начин тој ќе се конфискува но тоа допрво ќе се утврдува.

Премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Спасовски за ова прашање имаат различен став. Заев изјави дека  постоело кривично дело и со тоа и правна основа за заплена на имотот, сметките како и компаниите но правната основа за тоа отпаднала откако тој се предаде.

Спасовски пак смета дека треба да се конфискува криминално стекнатиот имот.

„Дали треба да се насочиме, односно државата да се насочи генерално кон тоа да видиме кој е имотот и да се премине кон чекорот конфискување на имотот? – Да, заради тоа што криминално стекнатиот имот ако не биде конфискуван, тогаш немаме состојба во која што ќе имаме правна сигурност. Значи тоа што е стекнато со криминал треба да биде одземено во интерес на државата и во тој дел треба да постапуваат институциите.“, рече Спасовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.