Министерството за здравство вечерва соопшти дека во салата „Борис Трајковски“ има дополнителни слободни термини за граѓани од 73 и 74 години.

Термините се отворени од вечерва и им се препорачува на граѓаните од оваа возрасна група кои изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, да се пријават кај својот матичен лекар за да им закаже термин за вакцинација.

Вакцинацијата за овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ „Борис Трајковски“.

За останатите граѓани, вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизација со приоритет врз основа на возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.