Министерството за образование и наука објави дополнување на Конкурсот за доделување стипендии за втор циклус студии во странство, за академската 2020/2021 година. Во Конкурсот, кој МОН го објави во февруари годинава, се додава и образование меѓу областите за кои Министерството ќе додели стипендии за постдипломски студии.

За академската 2020/2021 година МОН ќе додели стипендии за студенти примени на академски студии од втор циклус на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финасиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката, а со дополнувањето на Конкурсот – и за областа образование, согласно со рангирањето на универзитетите на последната објавена Шангајска листа на Центарот за универзитети од светска класа.

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академските стипендии за студии од втор циклус во странство е најдоцна до 15 септември 2020.

Во Конкурсот се содржани информации за условите за доделување стипендија, потребните документи, износот на стипендијата, обврските на избраните кандидати и начинот и рокот на пријавување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.