Јован Донев, поранешен амбасадор во гостувањето во емисијата „24 Отворено“ истакна дека Зоран Заев не дојде на власт за да ја внесе Република Македонија во ЕУ, бидејќи да бил насочен кон тоа, немаше да се случат сите овие скандали во државата.

Како ќе потпишете договор со Грција без никакви гаранција, па тоа ни мало дете не го прави во кафеана кога ќе влезе – потенцираше Донев.

Тој во своето гостување рече дека за да се потпише договорот со Грција, Заев требал да побара меѓународни гаранции од земјите-членки на НАТО.

Договорот со Грција не е билатерален договор за да го решиме течењето на реката Вардар, тоа беше договор во којшто требаше да го смениш името, за да ти отпочнат преговори. Пред потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија најмалку 10 луѓе укажуваат на грешките и последиците што ќе се случат – порача Донев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.