Владата на денешната 38 седница jа разгледа и усвои Информацијата и ја донесе Одлуката за давање согласност на Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање.

Како што соопшти владината Прес-служба, со Тарифникот се уредува надоместокот односно тарифите за извршените работи од урбанистичкото планирање при изработка на урбанистички планови, кој е наменет за  подготовка на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти, од локално и од државно значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.