Откако на Јутјуб претпладнево се појави видео на кое се гледа како екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев прима пари во кеш и ги става во својата чанта на социјалните мрежи објавена е и “аудио бомба” со неговиот глас.

Во разговор со засега непознат соговорник Дончев му објаснува на соговорникот како да ги „склопуваат коцките“ зборувајќи дека на неколку пати се сретнал со директорот на финансиско разузнавање Блажо Трендафилов кој, како што кажува Дончев, бил многу загрижен бидејќи,  извесно трето лице кое го спомнува Дончев, паднато под влијание на Вилма и ја влече работата намерно, но и дека многу пари му се имаат понудено.

Во меѓувреме он работеше да се смени обвинителот Вилма, јас не знам која е Вилма, вели Дончев, додавајќи дека таа го има преземено (случајот) и дека сега треба да бидат претпазливи бидејќи како што вели Дончев се уште не му е дефинирано што сакаат да постигнат, за што и немале зборувано со Заев.

Во аудиото поранешниот директор на ФЗО вели дека Тодоров ќе даде исказ кој што е многу штетен за Груевски, дека бил под притисок…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.