Владата донела одлука поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев да добива апанажа. Тој една година ќе зема надомест од државата по оставката која си ја поднесе, наводно поради семејни причини.

Но, по вчерашните снимки очигледно е дека оставката не била поради здравствени или пак семејни причини туку снимките во кои тој е вмешан. На една од нив се гледа како Дончев зема купче пари од непознат човек и си ги става во ташната.

Во друга снимка се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.