Пред да се воведе било каква форма на полициски час како мерка со која се ограничува движењето на граѓаните, државата треба да одговори и да поработи барем на следните 21 критични точки во досегашното функционирање, предлага Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски пишува дека оваа влада не знае и нема капацитет да се носи си проблемите од пандемијата, па предлага 21 активност кои треба да се средат пред да се воведе полициски час:

1️⃣ Нема ЕПИДЕМИОЛОШКИ СИСТЕМ, се распадна, никој никого не анкетира (или го прави тоа после десетина дена), никој никого не информира, анализира и\или не се постапува по сето тоа…
2️⃣ ИЗОЛАЦИЈАТА не функционира, луѓето ги добиваат решенијата после десетина дена, никој не ги контролира, одат по пазари, маркети, комшии,…
3️⃣ Автобуси и ЈАВЕН ТРАНСПОРТ, тотален хаос, почнувајќи од ЈСП завршувајќи до последниот див таксист…
4️⃣ ХРОНИЧНО БОЛНИ, повеќе немаат никакви права на самозаштита како посебно ранлива група…
5️⃣ Редари и РЕДАРСКА СЛУЖБА во државни институции, не постојат…
6️⃣ ВАКЦИНИ, НЕМА! Тотална неспособност.
7️⃣ Складирање на КОРОНА ОТПАД, ниту некој спомнал, ниту некој помислил, ниту има програма, активности, ништо. Парковите ни се полни со маски.
8️⃣ ПОПИС, во време на пандемија… Најмалку што треба е вакцинација на попишувачи и редовни брзи тестови на секои 48 саати за сите што ќе попишуваат…
9️⃣ Скапи ЦЕНИ НА ТЕСТОВИ, за што државата не стори ништо…
1️⃣0️⃣ Недостаток на БРЗИ РАПИД ТЕСТОВИ кои се користат низ Европа, ама кај нас не можете да ги најдете во аптеки, а таму кај што ги има ги кријат за да не ги казни државата штитејќи ја високата цена во приватните болници…
1️⃣1️⃣ Одржување на ДРЖАВНИ НАСТАНИ надвор од протоколи како презентации, форуми, црвени ленти, судење, управни постапки со многу повеќе од 4 лица во затворен простор…
1️⃣2️⃣ Нема стимулации и поддршка за ПРИМАРНОТО ЗДРАВСТВО, матичните доктори не се ни наградија за минатат година, напротив ги казнија од ФЗОМ заради прекумерно пишување рецепти (во време на пандемија)…
1️⃣3️⃣ ПОСКАПЕНИ ЛЕКОВИ И ВИТАНИНИ, срамно и жално. Од Клексан (кој и не е можно да се најде, како да сме во Африка) до обични витамини…
1️⃣4️⃣ ПОВЛАСТЕНИ КАФАНИ и кафичи кои на сметка на сите останати имаат право да ги кршат сите правила и протоколи…
1️⃣5️⃣ Нема континуирана бесплатна кампања за ИНФОРМИРАЊЕ на јавноста за сите аспекти на пандемијата…
1️⃣6️⃣ Нема БЕСПЛАТНИ МАСКИ како во голем број европски држави…
1️⃣7️⃣ Почитување на јасни протоколи за ПРИВАТНИ И ЈАВНИ СОБИРИ на специфичен број на лица на отворено и затворено е реткост и никој не го контролира…
1️⃣8️⃣ Неспроведување на мерка полициски час ЕДНАКВО НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА е јасно и видливо, не треба да се крие и негира. Ако има правила тие нека важат за сите, ако не подобро нека нема.
1️⃣9️⃣ РАЗЛИЧЕН ТРЕТМАН на верските заедници во минатата година е видлива во скоро сите одлуки на Владата и постапки на МВР. Ова создава фрустрации и одбивност кон мерките и препораките. Не смее да се крие како фактичка состојба…
2️⃣0️⃣ Нерегуларен влез на ГРАНИЦИТЕ како што имаат сите европски држави…
2️⃣1️⃣ Див пазар со ФАЛЦ ПСР ТЕСТОВИ за што државата нема превземено никаква мерка за превентивно отстранување, а сите знаат каде се продаваат и прават.

Пред да се воведе било каква форма на
ПОЛИЦИСКИ ЧАС,
како мерка со која се ограничува движењето на граѓаните,
ДРЖАВАТА…

Posted by Ilija Dimovski on Monday, 8 March 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.