Вистинската хистерија во Македонија со лажни вести ја создаваат медиумите кои се под контрола на Зоран Заев, остро реагира ВМРО-ДПМНЕ на документот  што беше објавен вчра и преставува анализа за состојбата со лажните вести во државите од Западниот Балкан.

Тој документ не е официјален став на Европскиот парламент, што се наведува и во самиот документ. Спомнувањето на ЕУ и европските институции во корелација со овој документ како да е официјален став само по себе е лажна вест.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека во известувањето за овој документ присутна е тенденцијата лажно да се прикаже дека за европските институции извор на таквите вести се прикажуваат претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За жал, медиумите кои го објавиле овој документ без претходна проверка и неопходна авторизација која се бара согласно документот се злоупотребени од Зоран Заев за ширење на лажни вести и истите стануваат дистрибутери. Во самиот документ стои дека информациите не се официјален став на Европскиот парламент, ниту на која било друга европска институција. Во документот, исто така, пишува дека предмет на авторски права и не треба да се користи за цели кои не се комерцијални, негово размножување без претходно одобрување е забрането. Досега не видовме дозвола за негово користење. На крајот, ваков документ може да напише секој член на Комитетот за надворешни односи, но тоа не значи дека преставува став на самиот комитет, се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи извртување на фактите и ќе го информира претседателот на Комитетот Дејвид Мекалистер, чие тело погрешно се спомнува и злоупотребува од страна на инсталациите на Заев.

Зоран Заев е крал на лажните вести, впрочем неговиот последен став дека има позитивна атмосфера во историските комисии за преговори помеѓу Македонија и Бугарија траеше неполни 12 часа, завршувајќи со наслови дека нема напредок и дека преговорите се фијаско, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.