Документи кои свиркач ги доставил до редакцијата на „Лидер“, покажуваат политички монтиран случај за отстранување на вработен во УБК преку одземање на неговиот безбедносен сертификат, само затоа што неговиот татко бил дел од протестите против промена на уставното име.

Порталот пишува дека Бојан Христовски, вработен во МВР, магистер на науки од областа на криминалистиката и криминологијата, не успеал да го мине „ситото“ за добивање безбедносен сертификат за користење на класифицирани информации до степен „Државна тајна“. И тоа не заради неговото кристално чисто лично и работно досие, туку поради учеството на неговиот татко Љупчо Христовски на протестите против промената на името на државата Република Македонија.

Инаку, таткото Љупчо, според документите на УБК до кои дојде Економски Лидер, е пензионер со завршено високо образование на Машинскиот факултет. Работел во сопствена софтвреска компанија. Мајката на Бојан, пак, Розета, сега исто така пензионерка, била исто така со високо образование, со завршен Правен факултет и работела во „Огласник М“ како новинарка.

Бојан Христовски бил вработен во УБК во 2006 година на работна позиција инспектор во Кисела Вода, потоа од 2008 до 2012 година бил самостоен инспектор, од 2012 до 2014 година Началник на Кисела Вода , од 2014 до 2017 година Началник на Гази Баба, а од 2017 година е вработен како Началник на Одделение за заштита на потешки форми на организиран криминал при УБК-Центар.

Бојан посетувал повеќе курсеви и обуки за НАТО, EУ и други меѓународни безбедносни стандарди, за што имал добиено и соодветни сертификати и благодарници.

Но, неговиот „основен грев“ бил тоа што таткото Љупчо учествувал на протестите против промената на името на државата.

Во однос на документите во УБК со кои минува неговиот татко, имајќи ги во предвид неговите активности, кои се од понов датум, како и нивната блискост, на мислење сме дека барателот не е способен да го издржи притисокот на роднините или блиските соработници за издавање на класифицирани информации на странски разузнавачки служби и организации, терористички групи или други слични организации или лица, кои можат да ја загрозат безбедноста на Р.С.Македонија. Во тој контекст и со самиот барател е обавен разговор, при што истиот истакна дека е свесен за активностите на неговиот татко. – стои во документот на УБК. – стои во документите до кои стигна нашата редакција.

Основното прашање што се наметнува е врз основа на што изворите и УБК дошле до заклучок дека таткото Љупчо, иако протестирал поради промена на името на државата, не е про НАТО и про ЕУ расположен, дека со учеството на протестите, на пример, едноставно сакал да го делегитимира референдумското прашање, дека, едноставно, сметал дека промената на името е само превисока цена за влез во НАТО?

Целиот текст можете да го прочитате тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.