За овој срам што го доживеав, ќе зборувам гласно се’ додека дишам, денот кога ја дадов заклетката дека ќе лечам без оглед на се’ за мене е светост-но не и за лекарите од инфективното одделение во охридската болница кои не оставија 3 часа надвор, на ниска температура со пациент во исклучително лоша состојба- трогателна исповест на доктор Рушка Демиши која од петни жили се обидувала да спаси но не еден, туку два животи, пренесува „Алфа“

27-ми март, ден како и секој, доктроката Демиши која работи во итната медицинска помош во Лабуништа тргнала на работа да ја одработи ноќната смена, кога добила повик од семејство на пациентка со веќе констатирана пневмонија дека нејзината здравствена состојба се влошила.Веднаш,почитувајќи ги сите пропишани протоколи се упатиле во општата болница во Струга, каде после прегледот од страна на интернист, со упат во рака тргнале во Охрид, со цел да ја примат на инфективното одделение. Но наишле на затворена врата, со дежурната докторка комуницирале преку малечко прозорче до врата, но кога слушнала дека се работи за пациент од Лабуништа, одбила да ги прими бидејќи како што рекла се работи за подрачје сомнителни на коронавирус.

-Пациентката ми беше на кислород цело време во комбе, воопшто не ја извадив од комбе затоа што беше многу ладно, а врата не се отвори, никако не се отвори. Воопшто не е прегледана пациентката од страна на инфектолозите во инфективно одделение во Охрид, значи за време на тие 3 часа пациентката остана во комбе. Морав во комбето да одржам одредена температура зошто уште ладните температури да ми ги осетеше, ќе ја изгубевме пациентката, сите резерви на кислород реков ми се потрошени ве молам пациентака е упатена на брис. Викат директорката одбиват траспорт на пациентката,ние не можеме да ја транспортираме, ќе ја оставиме болницата без тим. Слушајте реков ваму јас сум одговорна за терен од околу 20.000 жители јас не можам, да ги оставам, нема кој да ги покрива – вели Демиши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.