Какви изјави имаше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изминатите денови кога Македонија се соочува со корона вирус беше дел од разговорот за време интервјуто на Телевизја 24. Притоа Мицкоски уште еднаш нагласи дека е за почит она што го прават докторите, медицинскиот персонал, полицијата…

Капата долу за сите јунаци кои што голораки се справуваат со пандемијата, рече Мицкоски нагласувајќи дека тука пред се се мисли на докторите кои што во првите борбени редови се справуваат со пандемијата.

Но не ги заборави ниту полицајците и војниците кои секојдневно се на терен.

– Исто така секоја чест до сите оние полицајци, војници кои што се трудат сите оние задачи кои што им се поставени и голораки да се справат и да ги исполнат беспрекорно, истакна Мицкоски.

Но, сепак, смета Мицкоски, наспроти јунаците се и политичките профитери кои што се во првата борбена линија и се обидуваат да спечалат по некој политички поен беседејќи на прес конференции.

– Единствен на терен кој што е во првите борбени линии заедно со овие луѓе е министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Него ќе го видите и на улиците во Скопје да провери дали ограничувањето на движењето се исполнува соодветно на она кое што е поставено како задача, ќе го видите и на влезот во Дебар заедно со полицајците кои што го обезбедуваат градот, ќе го видите и на граничниот премин Табановце и на Блаце и буквално ќе го видите везден како се обидува да го спроведе ова со оние лимитирани човечки ресурси, опструиран од внатре само за да биде неуспешен – додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.