Пикот на Ковид-19 е поминат и бил пред десетина дена кога имаше 107 новодијагностицирани, смета микробиологот, професор д-р Никола Пановски.

– Не очекувам да има поголем број на инфицирани, односно докажани позитивни и не значи дека 1600 би бил пик ако сега имаме по 20 или 30 дневно, а може и помалку. Мислам дека почнува кривата да се спушта, дека е пројден тој пик, речиси сум сигурен. Нормално дека министерот е порезервиран, бидејќи тој кажува поодговорно и може да го нападнат дека згрешил. Мислам дека тој и епидемиолозите се 95 проценти свесни дека пикот прошол, односно дека нема да има нагорна линија на заболени, туку дека ќе има ист број и со време и помалку докажани болни. Уште 15 дена бројот на починати веројатно ќе остане ист, а може и ќе расте, вели Пановски одговарајќи на прашање кога би можел да го очекуваме пикот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој вели дека било евидентно оти Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести го предвидувале полошото сценарио и мерките што ги преземале биле во случај да биде посериозна состојбата.

– Пикот веројатно беше кога беа тие 107 пред десет дена, ако веќе мора да има пик. Така да покрај овие бројки, јавноста треба да знае дека има бројки и процент на позитивни тестови. Едно време одеше преку 10 проценти, а сега со денови веќе, без разлика дали имало 40, 20, 13 итн. е под седум проценти. Од тие што се испитувани процентот е се понизок што охрабрува, смета Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.