Пандемијата со ковид-19 ги исфрли на површина неконзистентните и конфузни здравствени политики. Несоодветните и популистички економски мерки, базирани на неодржлива презадолженост на државата. Како и многуте слабости во функционирањето на правната држава и институциите на системот. Вака доктор Сашко Кедев го започнувасвоето обраќање до македонската јавност.

Имајќи ја во предвид непредвидливата иднина од здравствен и од економски аспект со која што ќе се соочиме во претстојните месец, а можеби и подолго, на 15 јули граѓаните ќе имаат воглавно две можности.

Да ја поддржат сегашната тотална конфузија во здравството, несоодветните и нестручни економски политики и се разбира неодржливата презадолженост на државата.

Или да гласаат за обнова на Македонија. Обнова спроведена од докажани стручни, компетентни и професионални кадри, вели доктор Кедев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.