Различностите треба да не да обединуваат, а не да не разединувааат. Во оваа кампања нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и јас им се обраќаме на сите граѓани, независно од нивната етничка припадност, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Дневникот на Канал 5 зборувајќи за Законот за јазиците.

На прашањето дали Гордана Силјановска Давкова ќе го потпише Законот за јазиците доколку стане претседател, Мицкоски рече дека тој закон во моментов се наоѓа пред Уставниот суд, а одлуката на овој суд треба да е конечна за сите политичари. Сепак, одби да даде претпоставка што би направила Силјановска и дали нејзиниот став ќе се поклопи со неговиот личен став.

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува професорката Гордана Силјановска Давкова, но јас не би сакал да комуницирам со неа ниту сега ниту утре како премиер по принципот на апсолутизам и на деспотизам. Ние имаме демократско општество, различни мислења и доколку аргументите на соговорникот ги победат моите, јас ќе ги почитувам. Доколку очекувате од мене да му наметнам мислење на идниот претседател или на некој од моите соработници, гледате во погрешен политичар, рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.