Во сите заштитни мерки против вирусот се препознава вирусот на неверието, велат кавадаречките попови пред храмот Света Софија во Кавадарци. После прскањето по улиците против коронавирусот, кавадаречките свештеници во време на пандемија, покрај сите препораки за изолација, ги убедуваат верниците дека не треба да се плашат да ги примаат свештениците во домовите и да се соверат во црквите.

Први кои кажаа да се затворат храмовите и да не се служи света литургија се оние лажни верници кои никогаш не се причестиле. Ѓаволот не мирува и не спие и сака да ги оддалечи луѓето од светата причест. Сведоци сме на такви дејства, насочени против крштевките и причестувањето. Во време на пандемија, кога секаде се труби за тоа, фабрики со стотици вработени работат со полна пареа. А нас ни кажуваат дека во храмовите ќе се заразале од причест! Болни од разни болести, лепрозни и со туберколоза се причестувале, па свештениците останувале живи и здрави, а како што гледаме и самите, долговечни и со добро здравје, се вели во нивниот апел.

Ве уверувам и апелирам да доаѓате во црквите, да ги целувате иконите и да се причестувате без страв, продолжува кавадаречкиот поп.

 Црквите со молитви и темјан се борела против болести. Ако така лесно се ширеа болести од иконите, црквата ќе беше исчезната. Секој се стресува од помислата на смртта, а воскресението е лек против тој страв. Кога ќе воскеснеме ќе живееме вечен живот, живот кој нема крај. Подобро е да умреме причестени со Христос, отколку да останеме да живееме без Христос, се вели во дел од говорот на свештениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.