Бугарскиот договор за добрососедство, кој е, преку членот 8, фактички во врска со Преспанската спогодба, има за цел да изврши културна асимилацијата на македонскиот народ кои треба да се изедначи со бугарскиот народ, односно македонската нација треба да се интерпретира како дел од бугарската нација, со географското лоцирање на територијата на сегашна Република Македонија.

Средството за изедначување е пред сѐ признавање дека постои идентитетски “спор” и дека поради овој мора да се пронајде “заеднички прифатливо решение” кое се сведува, според диктатот на Бугарија, на исти идентитетски “корени” и поконкретно иста историја и ист национален јазик и национална култура. Како дел од антиципиран иден договор-компромис кој треба да содржи “решение на спорот” во овој т.н. компромис (всушнсот диктат за ЕУ членството). Македонската страна би требало да прати и една дипломатската нота до ООН со којашто би прифатила и би прецизирала дека досегашниот јазик на Македонците (“македонски”) е “бугарски јазик”, односно дека е само дијалект на “бугарскиот јазик”, и така би било заведено во ОН.

Релевантен одговор на оваа мека специјална војна или хибридната агресија е раскинување на Бугарскиот договор, поради фактот што со него се создаваат “правни основи” за ирационален и нерешлив (измислен) “спор”, а овој измислен т.н. спор треба да резултира со нелегален и понижувачки “компромис” во којшто, по диктат на посилниот во преговорите, Македонија ќе мора да признае пред целиот свет дека македонската нација е всушност дел од бугарската нација и генерално дел од бугарскиот народ кој само географски живее на подрачјето на Република Македонија. Јавно ќе бидеме понижени и обвинети дека, всушност, без прекин/во континуитет сме биле “Бугари”,  дека непрекинато/во континуитет “лажно сме се претставувале” како одделна нација, која “историски не постои” или е креирана како резултат на политиката на Сталин, СССР, ФНРЈ, итн.

Кога се работи за Преспанскиот договор овој акт е меѓународно-правно очигледно нелегална спогодба со којашто се однадвор воспотавува државен идентитет (односно државно и национално име), со очиглед на политичката цел преку нелегитимен (без народна согласност) договорен географски назив да се промени оригинарното легимитно име на нацијата. Ова се прави со политичка цел – да се изврши национална трансформација на нацијата (преку државниот идентитет генериран од надвор) во “северномакедонци” како измислен нов народ и непостоечка и изимислена вештачка нација.

Основа на оваа метаморфоза е замената на привремената деноминација (БЈРМ) со трајната референца (односно денмоминацијата) РСМ. Од фактот што според Договорот повеќе не можат да се употребуваат термини “Македонија”, “Македонци”, “Македонско/а/и проилегува и правната лимитација на употребата на изведените термини “македонска нација/народ”, “македонска (национална) култура”, “македонски (национален) јазик”, “македноска (национална) историја”, и т.н. Промената на националното (државно) име од “Република Македонија” во “Република Cеверна Македонија” имплицира промена на номинаторот (содржател и именител) на националниот идентитет, со што овој заеднички содржател кој именува другите категории влијае врз сите национални детерминатори од националната култура, наука и просевета, до – како што заклучивме на почетокот – името на нацијата (нацијата-држава со совојот номинатор) и името на народот (од кое потекнува името на нацијата и државата), кое сега – по модификациите според Преспанскиот акт – мора да има композитна или географска и, пред сѐ, анационална форма. Накусо, сега имаме РСМ како “географски назив”, а не легитимното народно и национално име, од коешто по природен пат е генерирано државното име (името на нацијата-држава).

Со промената на државното име како националени идентитет се врши повреда на основните jus cogens норми на меѓународното право, а пред сѐ принципите и нормите на самоопределување и државен суверенитет, како и круцијалното правило на немешање во внатрешните работи на друга држава – членка на ООН. Покрај ова, во ООН се врши дискриминацијата при претставувањето, пред сѐ поради правните ограничувања во македонското претставување, со лимитации во однос на другите членки на ОН. Понатаму, оваа држава се откажува и од малцинствата во соседството и генерално во светот, што имплицира и дека овој народ кои живее во РСМ е вештачката творба. На овој начин, Преспанскиот договор преку промена на национанлиот идентитет, негира идентитетот на нацијата (како македонска нација) и со ваков акт, надвор од волјата на народот се доведуваат во прашње  основните колективни права на народот, покрај основните суверени права на државата како субјект на меѓународното право.

Со други зборови, со Преспанската спогодба се наметнува една трајна референца (отуѓена од народот и понижувачка за народот), која менува оригинарно име како идентитет на народот и оттаму нема национален (македонски) и народен легитимитет, со што трајно се деградира не само суверна државност, туку и правото на нацијата слободно да одредува својот национален идентитет, кој во сегашните услови е наметнат од надворешен инструмент односно со спогодбата, како политичку компромис, а не израз на националната суверена воља (како волја без надворешно влиание). Оттука, поради флагрантното кршење на основните меѓународно-правни норми (jus cogens правила/норми), Преспанскиот договор мора дипломатски еднострано да се раскине од страна на некоја следна патриотска влада.


Автор на текстот е проф. д-р Игор Јанев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.