Додека државава се соочува со се пострашни бројки на заразени од корона вирусот, Зоран Заев упорно договара избори дури и по цена на човечки животи.

И во меѓувреме, додека од една страна лицитира со датуми за одржување на изборите и силно ги притиска и институциите да играат по негово, не заборава на поткуп на гласачите.

Така додека Заев е на лидерска средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, неговите поданици не губат време и делат пакети со помош на жителите на село Сараќино, тетовско.

Дали Заев е свесен дека му се подготвува изборен дебакл, па на ваков начин мора да обезбеди поддршка од граѓаните?

Село Сараќино тетовско сега! Додека Заев и по цена на човечки животи договара избори, не заборава на поткупот на гласачите

Gepostet von Republika Nedelnik am Freitag, 12. Juni 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.