Откако ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци донесе одлука лидерот Христијан Мицкоски да биде кандидат за мандатар, сега со тоа се занимаваат коалициските партнери СДСМ и ДУИ.

Диригирано или не, најпрвин Али Ахмети, а потоа и Зоран Заев се поткачија околу тоа кој требало да биде премиер во идната Влада доколку победеле на изборите.

Ахмети објави дека следната цел по изборите ќе биде да изберат прв албански премиер, која би била докжана и прифарлива личност.
Заев му се закани на својот колаициски партнер Али Ахмети, откако лидерот на ДУИ изјави дека е време Албанец да биде премиер на Македонија.

Тој  во објавата на Фејсбук вели дека мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник и дека не треба да се водиме според етничката припадност.

Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат-вели Заев во објавата.

На овие препукувања на коалициските партнери од ВМРО-ДПМНЕ за „Република“ брифираат дека на овие избори покрај нивната партија, кандидат за мандатар ќе имаат и СДСМ и ДУИ но оти конечната одлука ќе ја имаат граѓаните на избори.

За ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е најважно фокусот да биде кон најголемиот проблем, а тоа е корона вирусот и црниот биланс на новозаразени. Оттаму се децидни дека, најважно е сега да се мисли на здравјето на луѓето а не на избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.