Која хипоризија на македонското судство! Додека некои луѓе невини лежат во затвор, Зоран Милески Кичеец кој беше фатен како ги носи милионите кои како поткуп ги зеде Бојан Јовановски од Орце Камчев, добил ослободување од притворот уште пред две недели. Додека сите седиме по дома како во куќен затвор, тој слободно си излезе од куќниот притвор откако Кривичниот совет го прифати неговото барање и поднесената гаранција за укинување на домашниот притвор одреден до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет”.

Домашниот притвор е укинат од Кривичниот совет на наше барање со гаранција од недвижности, проценети над 13 милиони денари. Укинат е пред две недели, потврди адвокатот Александар Новаковски.

Милески на самиот почеток на судењето во случајот „Рекет” ја призна вината за делото – во кое се товареше за посредување и примање награда за договарање на средби меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев и беше осуден на казна затвор од три години.

Тој најпрво беше во притвор, кој многу брзо беше заменет со куќен притвор и сега во ек на пандемијата од коронавирус, Кичеец добива укинување на куќниот притвор.

Ова ослободување луѓето ги потсети на начинот на кој Заев го објаснува македонското судство во една од аудио бомбите кои беа објавени на Интернет, каде екс-премиерот зборува за Јово Вангеловски.

Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена – рече во таа прилика Заев и како што и самиот сликовито опиша, Кичеец “трас, трас-готово“ доби укинување на мерката куќен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.