Додека секаде во светот се набавуваат маски, ракавици, средства за дезинфекција, Општина Штип набавува цвеќиња. Да, добро слушнавте. Во периодот на здравствена и економска криза, нашата Општина се дрзнала да набавува цвеќиња за декорација и тоа во износ од 118.000 денари.
За случајот да биде уште поинтересен, добитник на набавката е компанија, блиска до СДСМ – пишува на Фејсбук, Иван Јорданов.

Но, она што остава впечаток е растењето на цената за истата набавка низ годините.
Ако општината во 2018 година од истата компанија набавила цвеќиња за 24.000 денари, во 2019 набавката изнесувала 100.000 денари, а на ден 25.03.2020 година, кога светот ја води најжестоката битка, локалната самоуправа склучува договор на високи 118.000 денари за цвеќе.
Прашањата кои треба да се одговорат пред јавноста се – што се промени низ годините, за да се зголеми потребата на општината за цвеќиња?
Дали ова е нова мерка на локалната власт за поддршка на фирми блиски до СДС?
Дали во време на рецесија, најитна беше потребата од набавка на декоративно цвеќе?
Наместо кратење и редуцирање на непотребните трошоци, ова е одговорот и односот што го добија граѓаните на Штип од локалните власти во време на криза – пишува Јорданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.