Ќе намалуваа министри, ќе намалуваа администрација, па ќе ја тестираа и праќаа „на приватно”, за сето да заврши со енормен раст на администрацијата!, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, по последните огласи за вработување на државни службеници.

По општини, ЈП, бутај во Град Скопје, па секако во МВР!
600 полицајци! 600!!!
Нема за доктори, нема за пожарникари, ама за 140 кај Шилеџе, за 600 кај Оливер, има!
Барем да биде избор по квалитет, ама не!
Секој партиски лепач на плакати мора да се ухлеби!
Тоа што 63000 останаа на улица, што фирми не работат, земјоделството тоне, нема врска, нели?
Додека се трча за 100 евра на шалтер, прашајте се од кај пари за полнење буџет за плати и за овие-само за една недела 740- нови административци?, реагира Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.