Некрофилниот поддржувач на владата и политиките на СДСМ продолжува да шири морбидни закани по социјалните мрежи, откако сите медиуми каде што објавуваше од време н а време или редовно, му ги затвораат вратите не сакајќи да бидат дел од неговиот крвав пир. Бранко Тричковски, кој пролеа доста медиумска крв за Христијан Мицкоски, за Тони Михајловски, за Бранко Героски, за Ѓорге Иванов, кој пишуваше дека сонувал дека го убил Никола Груевски, а го сечел на парчиња Зоран Ставрески, овојпат доаѓа по главата на Владимир Милчин.

Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин: Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни, напиша Тричковски на Твитер.

Ова Твитер крвопролевање на Тричковски се однесува на коментарот на Милчин за сечењето на јапонските цреши на една од најубавите улици во Скопје, убава токму заради црешите кои цветаат во пролет, улицата „Максим Горки“. Со метафора Милчин коментира дека „Варвари“ од Максим Горки се на улицата „Максин Горки“ и насекаде околу нас.

Не многу одамна Тричковски и Милчин ручаа на иста маса и во пошироко друштво, а калимерата ја расипаа околу март годинава, кога Тричковски им порача на Милчин и Героски да појдат на пиво или по риба или в театар, и да ја остават Македонија.

Европа и целиот свет се помочаа за да отворат перспективи, за Македонија, за македонскиот јазик, за македонската нација, за мирот, стабилноста итн. Не е убаво вака, драги мои загрижењаци. Олабавете се малку, појдете на пиво или по риба или в театар, кулирајте, оставете ја Македонија, макар за момент, ослободена од вашето внимание и грижи, им порача Тричковски, а преку Фејсбук во името на двајцата нарекувајќи го погребник, му раскина Бранко Героски.

Нека прости Тричко, ама ние не можеме да си дозволиме вакво корзирање со умот. Ќе одиме и на пиво и на риба и на скијање и секаде каде што ќе ни посака душата, ама ќе си ја носиме со себе и оваа несовршена и неумрена Македонија. Која не е Тричкова сопственост. Ете затоа, со сета должна почит, од моја страна апелот на погребникот не се прифаќа!, напиша Героски.

Дека ОЈО реагира кога сака и како што сака доказ е условната казна на актерот Тони Михајловски досудена токму за Фејсбук закани упатени кон „погребникот“ Тричковски.

Во мај годинава актерот Тони Михајловски доби условна казна за заканата упатена на Фејсбук кон новинарот Бранко Тричковски, во која напиша дека би го убил без око да му трепне. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против актерот кој призна вина и му се извини на новинарот за заканите.

 

Меѓутоа за Бранко Тричковски нема никаква пресуда за говор на омраза и закани. Слободно и негибнато засега живеат и се размножуваат неговите закани и повици за ликвидација како овие:

А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи?, Тричковски на Фејсбук.

Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак кој го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност.

Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој, повторно Тричковски на Фејсбук за тогашниот претседател Иванов.

Ако го убијам Груевски дали медиумите ќе известат дека Македонец убил лудак?, Тричковски на Твитер и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.