Претставниците на Ивент индустријата и денеска протестираат пред Влада, барајќи државата да им помогне во оваа ковид криза.

За жал и денес продолжуваме пред Влада од 12 до 15 часот.

Најмалку што очекувавме од Владата беа медиумски оркестрирани напади кон нас и извртување на фактите, наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија.

Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници кои беа први затворени и најмалку поддржани.

Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се 6 плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé! А не работиме веќе 14 месеци.

Наместо да најдеме заедничко прифатливо решение, ни порачавте да ги тргнеме црните наочари. Дали треба да ги замениме со розови и останеме „таканаречена„ дејност?

Иако владата го наметнува милионот како дефокус на нашите проблеми, пакетот мерки и еден милион евра (или два) за нашата индустрија, ниту е донесен, ниту e објавен.

Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите?

На пример, ако има 2000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје.

Кога ќе го објавите конкурсот, ќе можеме да коментираме, сугерираме, секако и да аплицираме. Сé останато се само ПР алатки за купување на време, но никако помош за зачувување на нашите компании.

Како и секогаш, ние сме подготвени за разговор. Ќе бидеме гласни за да не поканите, но прашањето е дали сакате да нé слушнетe!

П.С. Што би рекол Винстон Черчил, ако не ја браниме културата, тогаш што ќе браниме?, велат од ивент индустријата.

И додека тие протестираат, Марјан Забрчанец, завален во владината фотелја преку Фејсбук си игра мајтап со претставнците на овој сектор. Според него организаторите на настани со својот протест пред Владата бараат грантови, а не конкурси. Во објава на Фејсбук насловена „Да се протестира или да се конкурира за грант кој треба да се сработи?“, тој напиша:

„Протест пред Владата – инвент индустријата бара грантови, а не конкурси.“ Сите што некогаш во својот професионален ангажман се бореле да дојдат до работа знаат дека за да ДОБИЕШ ГРАНТ треба да КОНКУРИРАШ, наведува Забрчанец.

Тоj додава дека за милион евра наменски определени исклучиво за да се обезбеди работа за ивент менаџмент индустријата, секоја компанија треба да осмисли концепт, да конкурира, да ги исполни едноставните услови и да добие грант за да сработи настан.

Пари има, милион евра. Треба да се осмисли, да се конкурира и да се работи. Може и да се протестира се разбира, ама тоа би било разбирливо ако немаше пари за ивент индустријата. А сега има. Милион за грантови и уште толку за бескаматни кредити. И сега? Да се протестира или да се конкурира?, додава Забрчанец во објавата на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.