Вчерашниот ден помина со црн рекорд од почетокот на пандемијата во Македонија. Животот го загубија 15 лица, од кои двајца не ни успеаја да стигнат до болница.

Само во јуни, бројот на заболени од ковид-19 е поголем од вкупниот број на сите претходни месеци. Дупло е зголемен бројот на починати, а бројот на новозаразени секојндневно беше троцифрен.

Mинистерот за здравство Венко Филипче, кој претходно имаше барем по едно појавување дневно пред јавноста, сега сè поретко се појавува на прес-конференции на кои ќе информира за состојбата, но затоа, пак, заедно со Зоран Заев се шета по граѓанските трибини кои СДСМ ги организира како дел од нивната предизборна кампања.

Пред два дена соопшти дека трендовите во изминатите неколку денови покажуваат дека се намалува бројот на приеми, во споредба со пред десетина дена кога имаше поголем број на пациенти коишто доаѓаа во болница, а немаше пациенти коишто се испишуваа.

СДСМ, пак, без ронка срам, шетаат меѓу граѓаните и велат – успешно го положивме овој тест.

Покажаме дека можеме и дека нашето јавно здравство може да го положи тестот. Во исто време ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство, порача вчера од Крушево заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

И да не остане само на зборување, од СДСМ направија и видеоспот во кој покрај Шекеринска, за тоа колку успешно, па дури и подобро од светот, се справиле со кризата зборуваат и Филипче, и техничкиот премиер и Заев.

Ковид–19 беше тест за нашето здравство. Покажавме дека можеме кога многумина не веруваа. Затоа одлуката на 15 јули е избор и за тоа кој и колку ќе се грижи за нашето здравје, бесрамно порачува Шекеринска.

Јавноста веднаш реагираше, а во коментарите твитерашите ја прашуваат Шекеринска дали е луда или луди сме сите ние.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.