Бадниковата вечера покажа дека семејството Заеви живее во некој свој леб. Денот кој треба да биде одлика на скромност за премиерот е можност да го покажат луксузот во кој живеат.

Додека поголем дел од граѓаните живеат со две евра на ден, претураат по контејнери и на децата не можат да им овозможат ниту пакетчиња, Заеви како во царски дворец јадат со златни виљушки.

Како изледа масата на Заеви за Бадник се пофали внуката Ева. Луксуз на сите страни, златен прибор и богата трпеза.

Откако на социјалните мрежи добија критики за начинот на кој го прославуваат Бадник, Ева иронично стави пластичен прибор и обични ножеви и лажици какви што сите ние користиме.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.