Сега секоја надеж дека МПЦ ќе добие томос за признавање на автокефалноста од Вселенскиот Патријарх, додека е жив севеленскиот Патријарх ќе има сомнеж дека на МПЦ и доделил томос со споменатиот поткуп од премиерот Заев, рече синоќа пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на „ТВ24“.

По овие разговори, додека е жив Ватроломеј, МПЦ нема да добие признание, вели Димовски коментирајќи ги разговорите на премиерот Зоран Заев со двајцата руски комичари, во кои се споменуваат 100.000 евра поткуп во готово за Вселенскиот Патријарх во замена за признавање на МПЦ.

Тој вели дека со овој разговор се пробиени сите сегменти на безбедноста, а притоа се загрозени односите со Русија, Турција, Косово и Србија, а претходно Рашковски ги загрозуваат односите со Малта, Италија и Франција.

На крајот на краиштата да обвинувате некој за фејк њуз, а денеска да ви излезе слика со човекот кој што бил задолжен во Австрија да произведува фејк њуз, Тим Силвестер. Слика на господинот Заев со него, човек кој што бил обвинет во Израел, во Романија, во Австрија за креирање на фејк њуз и за корупција. И таа слика да му пратена на лажниот Порошенко и да му е понуден на лажниот Порошенко за соработка, значи дека во Владата во некоја ноќ во 1 часот сме го имале човекот кој е обвинет во Австрија, во Романија, во Израел за корупција и за лажни вести.

 

Така што, не се покрива ова. Она што Владата мора да го прифати е дека се пробиени сите сегменти на безбедноста. Вие имате загрозување на односи со Русија, Турција, Косово и Србија во најмала рака. Претходно имавте ситуација со Рашковски каде се загрозуваат односите со Малта, Италија и Франција. Имате апсолутна недоверба на сите меѓународни партнери во следните разговори со премиерот на Република Македонија. Имате проблем со МПЦ и нашата надеж дека конечно некогаш ќе добие афтокефалија.

 

Имате низа на други системски проблеми кои што после ова не се лечат, не се решаваат. Се решаваат само со повлекување на оваа структура која што сега ја раководи Владата на Република Македонија, рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.