Наместо полноправно членство во ЕУ – специјално балканско партнерство за Западниот Балкан. Францускиот претседател Макрон започнал консултации со дел од балканските земји да прифатат опција за привилигирано партнерство, пренесува Танјуг. Иако Франција кажа категорично „не“ за преговори, со новата понуда земјите би добиле европски пари и пристап до развиените пазари, ама во замена да се откажат од успешна европска приказна.

По критиките со кои се соочува Франција, и амбасадоров во земјава Кристијан Тимоние ги отвори картите на маса и го дообјасни претседателот, лажни биле ветувањата дека ќе има награда за Преспанскиот договор. Одговорноста за недобивање на датум не е само на Франција, туку и на оние земји кои ѝ ветувале на Македонија.

Некои луѓе дадоа ветувања, а потоа ги префрлија на други да ги исполнат. Преспанскиот договор беше предуслов за да се расчисти патот, но потоа следуваа други услови. Тоа им беше пренесено и на нашите грчки и македонски соговорници. Таа перспектива беше загубена попат, појасни Тимоние.

И пред десетина години ваква слична понуда Германија и дала на Турција односно партнерство наместо членство, но тоа сега е сфатено како елегантен начин за откажување од примање на Турција во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.