Обвинетиот Бојан Јовановски во завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз“ посочи и дека двајцата бизнисмениСилјан Мицевски и Ардијан Амзоски имале поинтензивна комуникација со власта на СДСМ отколку тој лично, па лесно можеле да дојдат во информации дека се измамени.

Верувајте дека провериле неколку пати пред да ги потпишат договорите, рече Јовановски, кој потсети дека Мицевски претходно бил градоначалник од редовите на СДСМ, а Амзоски е во роднински врски со Фијат Цановски, чијашто партија е во коалиција со владејачката СДСМ..

Ако биле измамени, рече Јовановски, тогаш зошто не пријавиле туку тоа го направија откако бил уапсен во „Рекет“.

„Тоа го направија поради силна пресија, агресивна пропаганда, поради најдиректно инволвираност и влијание на извршната власт, конкретно од УЈП, која додека тие даваа исказ кај Вилма Русковска, УЈП им влегува“, потенцира Јовановски. 

Тој рече дека е точно оти Амзоски му дал 350 000 евра во готовина, но и дека му ги вратил. А, тврдеше дека за парите не знаеле другите обвинети во случајот.

„Точно е дека Ардијан Амзоски дал 350 000 евра во готовина, дека има потпишано договори. Во овој момент, под целосна одговорност, ви тврдам дека ниту Христина, која е обвинета дека знаела, ниту мојот татко, кој само еднаш беше во ‘Меѓународниот сојуз’, не знаеле за тоа. Не знаела ниту обвинетата Јасна Ерцеговиќ. За волја на вистината, знаеле политичари, но тоа не е обвинетата Фросина Ременскирече Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.