Ивор Мицковски, политичкиот аналитичар, критичар и на власта и на опозицијата, ги коментира погрешните потези на актуелната Влада, предводена од премиерот Зоран Заев. Восвојот статус на неговиот фејсбук профил напиша:

 

Добро дошли во неолиберализам воден од квазилевичари.

Способноста да водиш во некои сектори и дологорочни велфер политики, додека во други популистички и десничарски субвенционираш, предлагаш јавни-приватни партнерства, не си способен да реализираш 20 посто капитални инвестиции, збориш за скржавост во непродуктивни трошоци, говори за една идеолошка шизофренија, или подобро кажано, тотално осуство на идеологија, ако не е во интерес на бизнисот, тесниот бизнис, па бизнисот на владините функционери, и така можеме да стигнеме и до Кочо и нему сличните господа.

Меѓутоа се што ќе биде „продуктивно“ потрошено, особено од самиот народ, демек се враќа кај народот. Тоа би требало да биде општествената симбиоза и моралното оправдување.

Ако сме фини во нашиот суд, можеме ова да го опишеме како една завидна безгрижност на нашите властодршци.
Ако сакаме да сме малце малициозни, тогаш ова треба да го наречеме рафиниран цинизам.
Ова се новите демохристијани ја мислам.

Какви социјалдемократи. Единствениот таков го испратија дома.
Они веќе политички покажаа дека можат се да инкорпорираат, од Лубе до Амди, од Бучко до Лазе, преземајќи ги сите политики и проекти од Груевски, само менувајќи го надворешно политичкиот и идентитетскиот наратив на земјата.
Со други зборови, овие луѓе засега успеваат собирајќи се што е на пазарот, и во таа караванска фешта попат покажуваат дека можат се да сварат, па дури и камења.

Агностицизмот на заевизмот во тој поглед повеќе од посакуваниот демохристијански интеркласизам, ќе прејде во опасен интергализам каде стожерот ќе биде силната држава, но повторно, контролирана од партијата, само овој пат наместо груевистичкиот конвертитизам, ќе се потпира на мешањето кокошки со лисици.

Има и уште една опција, а тоа е дека немаат појма што прават. Возат на слепо.
Тоа се разбира не може предолго да трае, и после НАТО влезот, ќе почувствуаат што значи да си оставен сам на себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.