Дали може да ни кажете што точно направивте за граѓаните во својата 25-годишна кариера како политичар во Македонија, го праша вечерва Стефан Андоновски заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во вечерашната дебата во „Само вистина“.

Вие сте 25 години во политика. За 25 години, еден денар немате платено данок, туку државата ви плаќа вас, преку Град Скопје, преку министерство, и ме интересира што вие имате донесено за овие 25 години за Република Македонија? Дали имате донесено некоја инвестиција, дали со некој проект сте ја намалиле невработеноста, дали сте изградиле нешто? Вие останавте во сеќавањето на граѓаните по оние скверови, ветувани, рекламирани и повеќе потрошивте на реклама од колку на самиот сквер и плоштатчето беше две клупи и две канти за ѓубре, рече советникот за меѓународни односи од ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски го потсети Жерновски на неговиот гаф на „Фејсбук“.

Добро би било затоа што сте во дипломатија, да земете Атлас и да ги поднаучите знамињата. Не знам дали сте вие или луѓето кои што ви го водат вашиот профил на социјалните мрежи, па да не ги грешите знамињата на државите, му порача Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.